Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Челзи го договори трансферот на Мало Жусто

/

пред 1348 дена

Сподели преку :

Во последните денови од јануарскиот преоден рок Челзи успеа да најде засилување за десната бековска позиција.

Клубот од Стемфорд бриџ го комплетираше трансферот на 19-годишниот фудбалер на Лион, Мало Жусто кој според последните информација потпишал соработка до 2030 година, за предвремен раскин францускиот прволигаш ќе инкасира сума од 30 милиони евра плус пет милиони во бонуси.

Жусто во последниве две години одигра 47 натпревари за францускиот прволигаш и со своите настапи го привлече вниманието на неколку клуба од Европа, а најбрз во реализацијата на трансферот беше Челзи.

Лондонскиот клуб конечно најде замена за Цезар Азпиликуета и Тревох Шалоба и откако пропаднаа преговорите за ангажирање на Дензел Дамфрис и Јосип Јурановиќ изборот падна на Жусто.

Младиот Французин до крајот на сезоната ќе остане во Лион, а по завршувањето на сезоната ќе му се приклучи на Челзи.

ФОТО: Игор Паневски