Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крејчикова и Синаикова најдобри во женски двојки

/

пред 1344 дена

Сподели преку :

Првите носителки, чешките тенисерки Барбора Крејчикова и Катерина Синаикова триумфираа на првиот Гренд слем во сезоната во конкуренција на женски двојки.

Чешката комбинација во финалето беше поуспешна од јапонската двојка Шуко Аојама и Ена Шибахара совладувајќи ја со 6:4 и 6:3 и стигна до четвртиот последователен Гренд слем триумф.

За олимписките шампионки од Токио ова беше вкупно седми трофеј на големите турнири откако претходно беа најдобри во Вимблдон, Ролан Гарос и Мелбурн каде успеаа да ја одбранат титулата од минатата година.

ФОТО: Игор Паневски