Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реал Мадрид одбил три понуди за Камавинга

/

пред 1347 дена

Сподели преку :

Мадридски Реал дефинитивно потврди дека во следниве денови нема намера да се откаже од ниту еден фудбалер во тимот објавувајќи информација дека овој момент одбил три понуди за трансфер на Едуардо Камавинга.

Младиот Французин бил на листата на желби на Челзи, Баерн и Арсенал кои пред се биле заинтересирани за позајмица до крајот на сезоната со опција да се преговара за откуп на неговиот договор.

Трите понуди се отфрлени од страна на претседателот Флорентино Перез со образложение дека Камавинга е во плановите на тренерот Карло Анчелоти и дека тој не сака да се откаже од неговите услуги.

Деветнаесет годишниот репрезентативвец на Франција со Реал Мадрид има договор до 2027 година со откупна клаузула од 85 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски