Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитров: Уставните измени да стапат на сила кога ќе влеземе во ЕУ. Бугарија кон нас се однесува како Русија кон Украина

/

пред 1342 дена

Сподели преку :

Да расчистиме дека нема две Бугарии. Бугарската политика во однос на Македонија е една и има консензус по ова прашање. Проблемот е кај нас дома. Ако вака продолжиме да се понижуваме ќе дојде време кога ќе почнеме секое утро да и се извинуваме на Софија за секој случај, да не се случи нешто, ова се поентите на поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој беше гостин во „Да си кажеме“ на Утринската програма на Телма.

„Мора да почнеме да се однесуваме како држава, да престанеме еуфорично и со страв да делуваме, да седнеме на широка дебата внатре, власт, опозиција, невладин сектор, академска заедница. Да гласаме за промена на Уставот и внесување на Бугарите, но тоа да стапи на сила на денот на зачленување на Македонија во ЕУ. Така и Софија ќе има мотив да не поддржува на европскиот пат. Ваквата негаторска политика е штетна и за Бугарија. Тие место да не направат пријатели и блиски соседи направија од нас непријатели. Нам ни треба помош од Париз и Берлин, тие да го гарантираат постоењето на македонскиот јазик“, вели Димитров во Утринската програма на Телма.

Целото интервју на Горан Петрески со поранешниот шеф на македонската дипломатија во видеото.