Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Ракометарите заедно со Комити побараа решение за ФК Вардар

/

пред 1341 дена

Сподели преку :

Делот од СЦ Јане Сандански каде се наоѓаат најверните навивачи на Вардар повторно беше исполнет. Комитите на своите миленици им дадоа максимална поддршка, а играчите на теренот за одличната атмосфера возвратија со победа во дуелот од СЕХА лигата против Партизан.

На крајот од натпреварот ракометарите заедно со навивачите побараа итно решение за Фудбалскиот клуб кој пред почетокот на вториот дел од сезоната во Втората лига се наоѓаат во незавидна финансиска ситуација.

На теренот во СЦ Јане Сандански се најдоа и фудбалерите на Вардар кои заедно со колегите од Ракометниот клуб и навивачите побараа да се најде излез од кризата истакнувајќи го транспарентот: “Решение за ФК Вардар – веднаш!!!”.

ФОТО: Игор Паневски