Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Недановски: Благодарение на навивачите стигнавме до триумф

/

пред 1341 дена

Сподели преку :

Македонскиот шампион Вардар го совлада Партизан со 31:26 и во дуелот од второто коло во СЕХА лигата успеа да ги освои првите бодови во регионалното натпреварување.

Предводникот на “црвено-црните”, Владо Недановски не е до крај задоволен од прикажаното, но очекува во продолжението од сезоната екипата да влезе во посакуваната форма и да ја продолжи победничката низа.

“Беше тоа интересен натпревар против екипа како Партизан составена од млади ракометари кои играат брз и атрактивен ракомет. Мора да се истакне дека се почувствува и кај дел од играчите дека се заморени од Светското првенство и може да искажеме само благодарност до нив што собраа сили да играат. Ни недостасуваа и двајца ракометари за ротација, па покажавме слабости и во нападот и во одбраната. Ова не е сликата за Вардар. Кога екипата ќе биде комплетирана тогаш ќе се обидеме да ја добиеме сликата за Вардар во втората полусезона. Натпреварот го одлучија само индивидуалните квалитети и искуството а играта секако не беше на ниво. Имавме добри моменти, но и недозволиви падови. Но понесени и од најдобрите навивачи на светот дојдовме до триумф и се надевам дека победите ќе бидат во иднина во низа”, изјави Недановски.

ФОТО: Игор Паневски