Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стојановиќ и Трајковски освоија бронзени медали на младинското ЕП во карате

/

пред 1338 дена

Сподели преку :

Македонските репрезентативци Стефан Стојановиќ и Витомир Трајковски се закитија со бронзени медали на младинското Европско првенство во карате што овој викенд се одржува во Ларнака, Кипар. Каратистите на КК Макпетрол продолжуваат да редат успеси на најголемата меѓународна сцена.

Стојановиќ денеска во борбата за бронзениот медал во категоријата над 84 килограми во конкуренција на младинци дојде со победа од 4-0 против Малик Багаев од Словачка. Со бронзата тој го надополни сребрениот медал од Светското првенство, а истото го направи и Витомир Трајковски, кој во категоријата до 84 килограми го совлада Данил Анисимов од Белгија. Иако резултатот беше 4-4, но поради тоа што прв освои поен Трајковски ја доби борбата.

Македонската репрезентација имаше уште една шанса за бронза, но каратистиката на Макпетрол, Викторија Јовановска загуби од Мартин Куртеш од Босна и Херцеговина.

На Европското првенство во Ларнака учество земаа 1.136 каратисти од 41 држава.