Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Второ злато во комбинација за Пантуро

/

пред 1336 дена

Сподели преку :

Французинот Алекс Пантуро го освои златниот медал во алпска комбинација на Светското првенство во скијање што се одржува во Куршевел.

За Пантуро ова е второ злато во оваа дисциплина откако пред четири години триумфираше на Мундијалот во Оре.

Францускиот скијач до првото место стигна со вкупно време од 1 минута 53 секунди и 31 стотинка и за 10 стоти дела беше побрз од Марко Шварц од Австрија, кој не успеа да го одбрани тронот освоен пред две години во Кортина додека трет е неговиот сонародник Рафаел Хасер.

Светското првенство продолжува утре со супервелеслаломот во женска конкуренција, а според програмата превидено е да се одржи вториот тренинг во спуст кај мажите.