Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири јужноамерикански земји испратија кандидатура за СП 2030 година

/

пред 1338 дена

Сподели преку :

Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај испратија заедничка кандидатура за организација на Светското првенство 2030 година во фудбал. Проектот денеска беше официјално презентиран пред јавноста на прес-конференција во Буенос Аирес.

Уругвај беше домаќин на првиот Мундијал во 1930 година, па можноста да се прослави 100-годишнина токму во Монтевидео е еден од адутите на оваа кандидатура. Се очекува заедничка кандидатура за организација на турнирот да испратат и Шпанија и Португалија, но шпекулациите се дека Саудиска Арабија исто така сака да го организира турнирот во 2030 година.

Следното Светско првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.