Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штрајк со глад на 400 осуденици во затвор во Албанија

/

пред 2190 дена

Сподели преку :

Над 400 осуденици во затворот со висок степен на безбедност во албанскиот град Пеќин повеќе денови штрајкуваат со глад, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според нивните тврдења, тие имаат неколку барања што не се спроведуваат и обвинуваат за кршење на правата на затворениците.

Еден од затворениците, Илир Купа за Топ чанел телевизија тврди дека  затвореници бараат амнестија и оти ќе штрајкуваат се додека не се преговара за нивните барања.

-Првично бев осуден на 35 години, а потоа казната ми е намалена на 23 години. Штрајкуваме една недела и има над 400 осудени лица колку што јас знам. Храна носат, но ние ја одбиваме. Состојбата во затворот е  мирна. Ќе штрајкуваме со глад се додека не се преговара за наште барања, изјави тој.

Затворениците кои се осудени на доживотен затвор бараат условно ослободување по издржувањето 20 години затвор, додека другите осуденици бараат условно отпуштање по
издржување на 3/5 од казната, како и други барања кои се однесуваат за животот во затворот.

Како што нагласува затвроеникот Купа, и тој и многу од затворениците се осудени од судии кои веќе се разрешени во процесот на ветинг, што ги наведува на констатација дека оние кои имале пари не се осудени, бидејќи ги потплатиле судиите, останатите добивале казни, како што е и тој, без
доволно докази.

Според него, Верди Морава, чиј потпис е прв на петицијата, е однесен во самица, како „организатор на протестот“, а неколку затвореници поради исцрпеност се префрлени во
затворската болница.

Петицијата со барањата е испратена до Парламентот, Министертвото за правда, адвокатската комора и неколку други институции.

Генералната дрекција на албанските затвори тврди дека бројот на оние кои одбиваат храна е многу мал, но не се наведува бројка.