Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реал Мадрид влегува во трката за Гвардиол

/

пред 1334 дена

Сподели преку :

Еден од најдобрите дефанзивци на последниот Светски шампионат во Катар, Јошко Гвардиол се најде на листата на потенцијални засилувања на Реал Мадрид.

Иако Кралскиот клуб се уште официјално не влегол во трката за еден од најперспективните одбранбени фудбалери во Европа, Гвардиол се вбројува меѓу потенцијалните кандидати за преселба на Сантијаго Бернабеу.

Неофицијално за комплетирање на трансферот веќе почнал да преговара Ливерпул, кој во текот на оваа сезона има огромни проблеми во дефанзивата, а неодамна Гвардиол изјави дека од малечок ги следи настапите на клубот од Енфилд.

Покрај двата великани на европскиот фудбал меѓу заинтересираните се потенцираат уште Манчестер Сити и Челзи, но најголем проблем е сумата од 100 милиони евра која Лајпциг ја бара за предвремен раскин на договорот.

ФОТО: Игор Паневски