Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Алиоски купува топла облека и обувки за жртвите од разорниот земјотрес во Турција

/

пред 1343 дена

Сподели преку :

Цела Турција е мобилизирана за помош и поддршка на настраданите во тешко погодените подрачја од катастрофалните земјотреси на југот на земјата во понеделникот наутро. Се организираат бројни хуманитарни акции во многу сфери во општеството, во што исклучок не е ниту спортот.

Дел од таква е турскиот фудбалски гигант Фенербахче чиј член е македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски. Популарниот Џани, облечен во спортска опрема со клупски обележја, во видео што се споделува на Твитер, е снимен во купување на топла облека што подоцна да спакува и ја донира за настраданите луѓе во земјотресот.