Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Георгиевски: Да го победиме Татран Прешов со пет гола разлика

/

пред 1332 дена

Сподели преку :

Ракометарите на Вардар вечерва од 18 часот во салата на СЦ Јане Сандански против Татран Прешов ќе го одиграат третиот натпревар во новата сезона од СЕХА лигата.

По поразот во првиот натпревар од 27:24, “црвено-црните” на домашен терен ќе се обидат да стигнат до победа од најмалку пет гола разлика со што ќе направат крупен чекор кон освојување на првата позиција во групата.

“Би било фантастично да победиме со пет гола разлика, речиси ќе обезбедиме прво место во група. Пред првиот дуел, како што кажа и тренерот Недановски, немавме тренинзи, ние дојдовме директно од авион од Светско првенство на натпревар со Татран. Сега гледаме анализа од првиот дуел, како сме играле, каде сме грешеле и да ги поправиме тие грешки и мислам дека подобро ќе одиграме во петок, но сепак, Татран е добра и квалитетна екипа и доколку го испочитуваме она што ќе го договориме да го играме на тој натпревар, мислам дека ќе победиме, се надевам и со пет гола разлика. ,Мислам дека кога се игра подобра одбрана, се игра и подобар напад. Таа самодоверба, која ја имаш во одбраната ја пренесуваш и во нападот, играш послободно и мислам дека одбраната го добива натпреварот и одбраната ако функционира на едно добро и високо ниво, верувам дека ќе победиме”, изјави Гоце Георгиевски.

ФОТО: Игор Паневски