Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Слободен влез за дуелот Македонија – Белгија

/

пред 1331 дена

Сподели преку :

Кошаркарската федерација на Македонија реши за последниот дуел од квалификациите за Европското првенство првенство во женска конкуренција на нашиот национален тим против Белгија влезот да биде слободен.

Македонските кошаркарки вечерва од 18 часот во салата на СРЦ Кале ќе се соочат со една од селекциите која е фаворит за највисок пласман на претстојниот континентален шампионат, а составот предводен од селекторот Александар Ашданов ќе се обиде да пружи што е можно посилен отпор во дуелот со фаворизираниот противник.

ФОТО: Игор Паневски