Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Саутемптон ќе бара трет менаџер сезонава, го отпушти Џоунс

/

пред 1333 дена

Сподели преку :

Саутемптон го отпушти менаџерот Нејтан Џоунс само три месеци на клупата по разочарувачките резултати. Тој го наследи Ралф Хазенхитл во ноември за да го извади тимот од дното во Премиерлигата, но според резултатите само ја продлабочи кризата.

Ги водеше „светците“ на вкупно 14 натпревари во сите конкуренции, на кои загуби девет пати, од кои дури осум во Премиерлигата. Вчера Саутемптон прокоцка водство од 1-0 против Вулверхемтпон и имаше играч повеќе, за на крајот да загуби со 1-2.

Саутемптон се очекува наскоро да го именува и третиот менаџер сезонава со надеж дека ќе може да го извлече тимот од дното на табелата со 15 бодови од 22 натпревари.