Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Газијантеп по стапките на Хатајспор – се повлече од турското фудбалско првенство

/

пред 1333 дена

Сподели преку :

Фудбалскиот клуб Газијантеп и официјално потврди дека се повлекува од Суперлигата и Купот на Турција по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата.

За овој тим настапува македонскиот фудбалер Лука Станковски. Младинскиот репрезентативец за среќа не беше во градот за време на земјотресот, бидејќи се вратил во Скопје откако добил два слободни дена.

Газијантеп е вториот турски клуб што се повлекува од првенството и купот по Хатајспор, кој го направи истиот потег во четвртокот. Градот Газијантеп беше еден од најпогодените од катастрофалниот земјотрес, па челниците на клубот решија да не размислуваат на фудбал, туку засега приоритет е да се најдат сите исчезнати и градот да почне со реизградба.

Во петокот, од Унијата на фудбалски клубови на Турција најавија дека првенството ќе продолжи без Хатајспор и Газијантеп со вкупно 17 клубови, но засега не е јасно кога повторно ќе се игра фудбал во Турција. Статусот на двата клуба ќе остане непроменет односно нема да бидат исфрлени во најнизок ранг на натпреварување со оглед на околностите во земјата.