Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошаркарките со уште еден убедлив пораз од Белгија ги завршија квалификациите

/

пред 1331 дена

Сподели преку :

Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва загуби со 43-102 од фаворитот Белгија во последното коло во квалификациите за Европското првенство што годинава ќе се одржи во Израел и Словенија. Фаворитот немаше милост и со стил ги заврши квалификациите на првото место во групата А, додека Македонија очекувано е последна.

Уште во почетните минути беше јасно кој е кој на оваа средба, кога поради цврстата одбрана на гостинките, нашите кошаркарки првите поени ги постигнаа по дури шест и пол минути игра. Првата четвртина заврши со резултат 5-28, а во продолжение Белгија само ја зголемуваше предноста без милост до конечни 43-102.

И на првиот меѓусебен натпревар во Белгија загубивме со слична разлика, односно 112-41. Денеска наша најдобра кошаркарка беше Анџелика Митрашиновиќ со 15 поени, а двоцифрена беше и Јелена Антиќ. Ема Месеман со 17 поени и 14 скока беше најдобра во таборот на Белгија.

Македонија ги заврши квалификациите со само една победа, остварена во четвртокот на гостувањето кај Босна и Херцеговина со 66-68.

ФОТО: Игор Паневски