Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манчестер Јунајтед го продава Мекгваер за 40 милиони фунти

/

пред 1331 дена

Сподели преку :

Манчестер Јунајтед во текот на летниот преоден рок ќе му дозволи трансфер на Хари Мекгваер и неговата цена изнесува 40 милиони фунти.

Поради лошата форма англискиот репрезентативец го загуби статусот на стандарден член на првата постава и еден од најскапите фудбалери во Премиер лигата остана и без капитенската лента.

Менаџерот Ерик Тен Хаг во моментов им дава предност на Рафаел Варан и Лисандро Мартинез и фудбалерот за кој беа платени 80 милиони фунти сега може да си замине од Олд Трафорд за двојно пониска сума.

Дваесет и девет годишниот дефанзивец во текот на сезоната само пет пати се најде меѓу стартните 11 и тоа е доволна причина Манчестер Јунајтед да му дозволи трансфер на Мекгваер две години пред завршувањето на договорот.

Како најсериозни кандидати за негово ангажирање се споменуваат Астон Вила, Вест Хем и Милан.

ФОТО: Игор Паневски