Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре истекува рокот за имињата и статутот на бугарските клубови „Ванчо Михајлов“и „Цар Борис Трети“

/

пред 1344 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да се сретне со претставници на македонските Бугари во земјава. Средбата доаѓа на ден до истекот на рокот за двете бугарски здруженија „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, кои треба да ги сменат имињата, во спротивно ќе бидат затворени.

Темата на разговор не е позната, но според одредбите на Законот за здруженија и фондации, сите оние кои нема да ги усогласат името, називот или статутот, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот, врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда, по претходно добиено негативно мислење.

Министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот или до 16 март и врз таа основа Централниот регистар треба да ги избрише.