Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МФ: Завршување на процесот за издавање на еврообврзницата ќе се изврши по изборот на нов министер за правда  

/

пред 1338 дена

Сподели преку :

Целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда. Веднаш по изборот на новиот министер за правда ќе се одржи нова аукција. За ова банките-агенти што посредуваа при издавањето на еврообврзницата ќе ги информираат инвеститорите, кои при минатата аукција имаа 2,5 пати поголем интерес во однос на понудената сума, како резултат на довербата во добрите економски политики, соопштија од Министерството за финансии.

Оттаму велат дека согласно процедурата за избор на нови министри во Владата на Република Северна Македонија, Собранието на 13 февруари 2023 година прими оставки од четворица министри, меѓу кои и министерот за правда, кои се прифатени од Собранието. Законски, за издавање на еврообврзницата, потребно е мислење на министерот за правда, кој е меѓу министрите кои поднесоа оставки до Собранието.

Државата ја издаде деветтата еврообврзница во вредност од 600 милиони евра- ќе се покриваат стари долгови