Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маричиќ во Вин Вин: Од решението на судот во Стразбур треба да сме задоволни сите, и владата и сите правдољубиви граѓани

/

пред 1325 дена

Сподели преку :

Мислам дека треба да сме задоволни, и како правдољубиви граѓани, но и како влада, затоа што судот ги уважи аргументите на владата и тоа што во примарниот дел на нашата аргументација околу недопуштеноста на овие апликации, ги прифати нашите аргументи и ги прогласи за недопуштени,  изјави вечерва во Вин Вин со Оливера Трајковска, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, за одлуката на Европскиот суд за човекови права.

„Решението е исто така интересно затоа што го коментира контекстот во кој е донесена аболицијата, го цитира и Прибе, ако се чита детално. Го црта контекстот во кој беше донесена аболицијата што нам ни беше многу важно, при изнесувањето на одбраната на државата во Стразбур“ – изјави Маричиќ.

Ние како одбрана на владата и државата, секогаш сме ги коментирале и техничките делови, да речам процедуралните делови, како што е допуштеноста, но секако и мериторноста. Значи комплетно била покриена одбрана, во сите аспекти.

„Мислам дека клучната битка која денеска е добиена е дека случаите од поранешното СЈО, односно случаите кои и во Европската комисија и нивните извештаи се споменуваат, остануваа валидни и продолжуваат да бидат предмет на судовите и обвинителствата во државата. Тоа беше наша примарна и клучна битка во борба за владеењето на правото и правната држава.“ – потенцираше Маричиќ.