Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рафиња се извини за своето однесување откако беше заменет од Чави

/

пред 1328 дена

Сподели преку :

Барселона и Манчестер јунајтед вчера ремизираа 2-2 на „Камп Ноу“ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.

Тренерот на Каталонците, Чави Ернандез одлучи во финишот да го замени Рафиња, кој реагираше нервозно и почна да удира по клупата за резерви.


„Веќе се извинив за моето однесување и ќе го направам тоа повторно на следниот тренинг. Сакам да кажам дека ми е жал за реакцијата по измената и нема да ми се повтори. Немам никаков проблем со Чави или со клубот, едноставно сакав да бидам на теренот“, рече Бразилецот.

Сепак тренерот Чави смета дека Рафиња иако се извинил немал потреба за такво нешто, бидејќи според него тоа е реакција на фудбалер кој сака да игра фудбал и тоа е позитивно.