Кошаркарите на Феникс ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија откако во полуфиналето со 86:79 го совладаа тимот на Пелистер.
Младиот состав на Феникс предводен од тренерот Денис Дервишевиќ успеа да го елиминира фаворизираниот противник и за прв пат во историјата ќе има шанса да се бори за еден трофеј на домашната сцена.
Противник на Феникс ќе биде МЗТ Скопје кој претходно го совлада бранителот на трофејот ТФТ.
ФОТО: Игор Паневски




























