Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските скијачи без пласман на слаломските трки во Куршевел

/

пред 1325 дена

Сподели преку :

На патеките во францускиот зимски центар Куршевел кој е домаќин на Светскиот шампионат во алпско скијање настапија пет македонски репрезентативци во машка и женска конкуренција и ниту еден не успеа да стигне на целта.

Во женската трка Јана Атанасовска не успеа да го комплетира првото возење и не успеа да се пласира за втората трка во која од 120 натпреварувачки за уште еден настап се изборија 99.

Кај мажите на програмата беа квалификациите за утрешниот слалом, а во првата трка настапија четири македонски репрезентативци.

Единствен кој успеа да ја комплетира првата трка беше Јаков Добрески кој го освои 46-тото место, но не успеа да стигне на целта во втората трка.

Останатите тројца Дардан Дехари, Виктор Петков и Мирко Лазарески останаа без пласман уште по првата трка.