Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Семејството Глејзер не дава попуст за Манчестер Јунајтед

/

пред 1326 дена

Сподели преку :

Само еден ден по истекот на рокот за поднесување понуди за купување на Манчестер Јунајтед се огласија сопствениците на клубот, семејството Глејзер кои најавија дека нема да отстапат од бараните шест милијарди фунти.

Иако се уште не е јавно соопштено кои се сумите што ги поднесоа катарскиот шеик Хамад Бин Јасим Бин Џабел ал Тани и британскиот милијардер Џим Ретклиф медиумите шпекулираат дека тие не се поголеми од пет милијарди.

Поради најавата дека Манчестер Јунајтед е на продажба во последниве денови порасна и вредноста на акциите на клубот. Инаку конечната разврска околу евентуалната продажба може да се очекува во текот на следната недела или најдоцна до крајот на овој месец.

ФОТО: Игор Паневски