Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бол ја сруши Кратохвилова, светски рекорд на Краузер

/

пред 1324 дена

Сподели преку :

Холанѓанката Фемке Бол продолжува со извонредни резултати на натпреварите во сала. Дваесет и две годишната атлетичарка на митингот во Апелдорн го собори 41 година стариот светски рекорд на 400 метри што беше сопственост на Јармила Кратохвилова.

Бол делницата ја мина за 49 секунди и 26 стотинки и за 33 стоти дела го собори рекордот на легендарната натпреварувачка од Чехословачка поставен во март 1982 година.

Големиот ден за светската атлетика го најави Американецот, Рајан Краузер кој на митингот во Ајдахо ѓулето го фрли на далечина од 23 метри и 38 сантиметри и за само еден сантиметар го надмина сопственото постигнување од пред две години.