Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНТ ќе игра бесплатно за белите мантили

/

пред 2188 дена

Сподели преку :

Македонскиот народен театар на првата претстава на 14 октомври, по паузата поради пандемијата, ги поканува хероите на ова време – лекарите и медицинскиот персонал, стои на ФБ страницата на театарот. МНТ ги кани здравствените работници од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, Детската болница во Козле, епидемиолозите и матичните лекари, бесплатно да ја проследат претставата „ Говорна маана“, која по текстот на Горан Марковиќ, ја постави Драгана Милошевска Попов.
Доколку интересот за изведбата кај здравствените работници биде голем, а согласно протоколите за заштита од Ковид- 19 салонот ќе биде исполнет само со 30% од капацитетот, заинтересираните ќе може да ја гледаат претставата „ Говорна маана“ во следниот термин, на 16 октомври, објаснуваат од МНТ.
До крајот на месецот , во по два термини ќе бидат изведени и претставите „ Кец на десетка“ и „ Брачна игра“.
Сите претстави со кои МНТ се враќа меѓу публиката се поставени на малата, а согласно протоколите ќе се играат на големата сцена.