Министерот за надворешни работи е оптимист дека разликите во гледиштата на историските текови меѓу Македонија и Бугарија ќе се надминат. Османи, кој во петок заминува во Софија, на средба со неговата бугарска колешка, Захариева, се надева дека отворено ќе разговараат за сите отворени прашања.











