Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барселона почнува да исплаќа бонуси за Левандовски

/

пред 1320 дена

Сподели преку :

Иако Роберт Левандовски во последно време бележи пад на формата и е далеку од она што го прикажуваше на почетокот од сезоната, Барселона веќе мора да исплаќа бонуси кои се дел од договорот за комплетирање на трансферот од Баерн.

Полјакот на дуелот против Манчестер Јунајтед во четвртокот по 25. пат го носеше дресот на Каталонците и по оваа ставка, Барселона на Баерн мора да му исплати сума 1.25 милиони евра.

Во договорот има уште неколку клаузули од кои најбргу се очекува исполнување на онаа за бројот на постигнати голови, а и за трофеите што може да се освојат до крајот на сезоната и се очекува во јуни Барселона на Баварците да им должи дополнителни 3,75 милиони евра.

Левандовски на Камп Ноу дојде во текот на последниот летен преоден рок и за него Барселона плати обештетување од 45 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски