Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново финале меѓу Алкараз и Нори

/

пред 1316 дена

Сподели преку :

По втор пат за една недела Карлос Алкараз и Камерон Нори ќе се соочат за титулата на еден АТП турнир. По настапот во финалето во Буенос Аирес, двајцата тенисери ќе се сретнат и во Рио де Жанеиро.

Вториот тенисер на светот, Алкараз местото во финалето го обезбеди откако во три сета со 6:7, 7:5 и 6:0 го совлада Николас Хари од Чиле.

Британецот, Нори кој во моментов е 13-ти на АТП листата славеше во дуелот против Бернабе Запата Мираљес од Шпанија, совладувајќи го со 6:2, 3:6 и 7:6.

ФОТО: Игор Паневски