Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градско дерби во Скопје, Охрид гостува во Кавадарци

/

пред 1316 дена

Сподели преку :

Денеска се комплетира третото коло во ракометната Супер лига во машка конкуренција.

Двата натпревари почнуваат во 19 часот, а во првиот во салата Автокоманда, Алкалоид во дуелот против градскиот ривал Пролет ќе се обиде да ја забележи првата победа во Супер лигата, а без триумф се и гостите кои исто така ќе се обидат да направат изненадување.

Во вториот меч Тиквеш е домаќин на Охрид. Кавадарчани во продолжението од сезоната се уште не ја почувствувале горчината на поразот и очекуваат серијата да се продолжи додека Охриѓани во првите две рунди имаат по една победа и пораз.

Вчера во дуелот на двата тима на Еурофарм Пелистер, славеше првиот битолски состав со 29:16, а во петокот Вардар на домашен терен го совлада Бутел Скопје со 36:18.

ФОТО: Игор Паневски