Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран последен учесник на СП од Азија

/

пред 1317 дена

Сподели преку :

И покрај поразот од 86:74 во дуелот против Кина, репрезентацијата на Иран успеа да обезбеди пласман на Светскиот куп во кошарка што годинава ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Клучен момент за пласманот на Иранците на мундијалската завршницата е поразот на Казахстан од 98:53 во соочувањето со Австралија.

Покрај Иран и домаќините на првенството Јапонија и Филипини, настап обезбедија и селекциите на Либан, Јордан, Нов Зеланд, Австралија и Кина.

Вечерва ќе бидат познати уште две селекции од Европа кои ќе бидат дел од Светскиот шампионат, а ќе се комплетира и листата на учесници од Африка и Америка.

ФОТО: Игор Паневски