Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штипските пекари на страна на муштериите – не сакааат да профитираат во услови за криза, лебот се продава за 33 денари

/

пред 1329 дена

Сподели преку :

Дел од штипските пекари одлучија цената на лебот да ја намалат и до пет денари, па сега по рафтовите има леб и за 30 денари. Пекарот, Николче Малинов вели дека овој потег се должи на мерката на Владата, која како граѓани мора да ја почитуваат, но и да им помогнат на своите муштерии, граѓаните во услови на криза. Леб има на рафтовите по пекарите по цена од 30 до 33 денари, во зависност од типот и грамажата, а за исплатливоста на производството вели дека засега се  на границата на рентабилноста.

Штипските пекари за производство на леб имаат суровини за два до три месеци, но оваа цена ќе зависи од тоа и дали ќе се зголемат цените на суровините, пченица, брашно, струја. Замрзаната цена на лебот, но и намалувањето и до пет денари на едно парче леб не влијае врз исплатата на платите на вработените во пекарите.

Низ Штип, но и во останатите градови во источниот регион по рафтовите на пекарите има леб, според анализите на Малинов и на останатите пекари во Штип дневно се трошат од 10.000 до 15.000 парчиња леб.

Викторија Јованова