Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Адвокатката на текстилните работнички од Кавадарци не тужела за неисплатени плати

/

пред 1321 дена

Сподели преку :

Текстилните работнички кои вчера протестираа пред Основниот суд Кавадарци дека изгубиле спор за неисплатени плати, се изманипулирани, бидејќи нивната адвокатка воопшто не тужела за тоа, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК претседателот на судот Лазар Нанев. Посочува дека Основното јавно обвинителство Кавадарци и Вишото Јавно обвинителство Скопје ги упатувале оштетените работници своите права од работниот однос да ги остваруваат во соодветна граѓанска постапка спрема нивниот работодавец, врз основа на воспоставен работен однос, но тие никогаш не поднеле тужба против нивниот поранешен газда.

Претседателката на „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева која вчера даде поддршка на 70 текстилни работнички кои пред судот протестираа поради изгубениот спор за неисплатени плати, но и на судот да платат околу 20.000 евра за судски трошоци вели дека нема да коментира судски одлуки и изјавата на претседателот на судот.

Правниот тим на „Гласен Текстилц“ ќе даде правна поддршка на текстилните работнички од Кавадарци,а следниот период пред судовите ќе докажуваат за лажниот стечај.

Ампева истакна дека за одлуката на судот за текстилните работнички кои вчера протестираа може само да каже дека не е човечка и фер.

Викторија Димитрова Јованова