Во меч од 18-тото коло во Втората македонска фудбалска лига, Вардар пред своите навивачи на стадионот Борис Трајковски во Маџари ја совлада Детонит Плачковица со 2:0 и го задржа чекорот со водечките.
Црвено-црните долго време се мачеа да го скршат отпорот на противникот, а во 60-тата минута Христијан Вецевски успеа да се запише во листата на стрелците за предност на Вардар.
Конечниот резултат го постави Дејан Цветановски со погодокот постигнат во завршницата од натпреварот.
ФОТО: Игор Паневски.
































