Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трет последователен трофеј за Медведев

/

пред 1310 дена

Сподели преку :

Данил Медведев ја продолжи триумфалната низа во 2023 година. Рускиот тенисер славеше на турнирот во Дубаи и стигна до третиот последователен трофеј на почетокот од сезоната.

Седмиот тенисер на светот кој во Дубаи беше поставен за трет фаворит во финалето за само 69 минути во два сета со 6:2 и 6:2 славеше над сонародникот Андреј Рубљов.

За Меведев ова е вкупно 18-ти АТП триумф во 30-от обид и трет во низа по славјето во Ротердам и Доха.

Рубљов во првото финале од почетокот на сезоната или 18-то во кариерата не успеа да стигне до 12-тата турнирска победа.

ФОТО: Игор Паневски