Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарките повторно поразени од Турција

/

пред 1310 дена

Сподели преку :

Нов минимален пораз на женската ракометна репрезентација на контролните натпревари против селекцијата на Турција.

Составот предводен од селекторот Љубомир Савевски овој пат во Анкара загуби со 31:30. Нашите ракометарки пропуштија шанса за победа откако по првите 30 минути имаа водство од 19:17, противничките во продолжението успеаа да направат пресврт и да стигнат до уште една победа.

Селекторот Савевски во Анкара отпатува со некомплетен тим бидејќи не можеше да смета на неколку ракометарки кои се стандардни членови на репрезентацијата.

Двата дуели со Турција беа дел од подготовките за претстојниот бараж за пласман на Светското првенство каде противник ни е Украина, а двата дуели ќе се одиграат на почетокот од следниот месец.

ФОТО: Игор Паневски