Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарите почнуваат со подготовки за дуелите со Португалија

/

пред 1309 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација од денеска ги почнува подготовките за претстојните два квалификациски дуели за пласман на Европското првенство, а противник ни е селекцијата на Португалија.

Селекторот Кирил Лазаров за овие две средби се реши не ги повика Дејан Манасков и Гоце Георгиевски и да им даде шанса на играчи кои во иднина треба да бидат носители на играта на националниот тим.

На списокот доминираат ракометари од домашниот шампионат кои го носат дресот на Еурофарм Пелистер и Алкалиод.

Во репрезентацијата се враќаат Марио Танкоски и Мартин Велковски, а во составот е и крилото на Вардар, Ален Ќосевски.

За разлика од последниот Мундијал на списокот ги нема и Александар Петковски и Давид Савревски.

Прозивката ќе се одржи попладнево во 16 часот во Скопје, а првиот натпревар го играме в четврток во арената Борис Трајковски.

Почетокот на натпреварот е закажан за 19 часот, а в недела на програмата е вториот дуел со Португалија што ќе се одигра во Матосињош.

ФОТО: Игор Паневски