Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Челзи ќе продава пет играчи за да собере буџет за два трансфери

/

пред 1312 дена

Сподели преку :

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, раководството на Челзи планира да ја прекине соработката со пет играчи, а се со цел да го откупи договорот на Жоао Феликс и да го комплетира трансферот на Деклан Рајс.

Сопственикот на клубот Тод Боели планира да ги продаде Хаким Зиеш, Мејсон Маунт, Кристијан Пулишиќ, Конор Галагер и Калиду Кулибали и да обезбеди буџет за двајцата фудбалери.

Неофицијално за да се откупи договорот на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид и да се доведе Деклан Рајс од Вест Хем потребни меѓу 150 и 200 милиони фунти, сума која може да се обезбеди со продажбата на петте прекубројни во составот на Грем Потер.

ФОТО: Игор Паневски