Второодделенец од радовишкото село Подареш заразено со коронавирусот. Резултатите пристигнале попланево, по што епидемиолозите одлучија од утре во изолација да ги стават неговите сокласници.
Директорката на Центарот за јавно здравје Штип, Марија Димитрова ја потврдува информација. Наставата во ова училиште продолжува за учениците од прво и трето одделение, бидејќи немале контакт со заразеното седум годишно дете. Седум годишното дете е прв заразен ученик на истокот и југоистокот











