Музичарите и угостителите пред финансиски колапс. Дали државата може да го спречи? Сите предлагаат здравствени протоколи, но кој ги почитува? Дали високите бројки на заразени со Ковид 19 веќе ги запечатија кафеаните и клубовите во другите држави? Македонската естрада замолчана, се отвора ли границата за повеќе увозни музичари? Во Топ тема соочување – музичарите и угостителите со државните институции.











