Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Добитничката на Пулицерова освои Нобелова награда за литература

/

пред 2186 дена

Сподели преку :

Американската поетеса Луиз Елизабет Глук, е годинашна добитничка на Нобеловата награда за литература.

  • Наградата ја освои за нејзиниот непогрешлив поетски глас, што со строга убавина го прави индивидуалното постоење, универзално, стои во образложението на Шветската Академија.

Глук има објавено 12 збирки песни кои се карактеризираат со стремеж кон јасното изразување, истакна Андерс Олсон, претседател на Нобеловиот комитет.Според него, во песните на нобеловката се слушаат нејзините соништа, заблуди и соочувања со илузиите.

Луиз Глук е 16 жена што ја освои Нобеловата награда , а втора во Америка по новелистката Тони Морисон, на која високото признание и припадна во 1993 година.

Глук има освоено Пулицерова, национална литературна, награда за литература од Американскиот круг на критичари, како и медал за хуманистички науки. Со Нобеловата награда за литература, Глук ќе добие и 1, 1 милиони долари во готово.