Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бензема е повреден по осми пат оваа сезона

/

пред 1307 дена

Сподели преку :

Карим Бензема лани беше најдобриот играч на Реал Мадрид во походот кон освојувањето на Ла Лига и Лигата на шампиони, па сосема заслужено ја освои Златната топка за најдобар светски фудбалер.

Оваа сезона е сосема поинаква приказна за Французинот, кој сега заработи нова повреда, дури осма во текот на натпреварувачката 2022/2023.

Според шпанските медиуми, голгетерот нема да игра во сабота против Еспањол во рамки на Ла Лига, но не е јасно дали ќе биде на располагање за следните два големи натпревари на „кралевите“, против Ливерпул во Лигата на шампиони и за „Ел Класико“ дербито против Барселона.

Неговата повреда наводно не е премногу сериозна и тој ќе го пропушти дуелот со Еспањол како знак на претпазливост.