Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ТФТ со пораз го заврши дебито во АБА 2 лигата

/

пред 1304 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на ТФТ во последниот натпревар од дебитантскиот настап во АБА 2 лигата го забележаа и 10-от пораз.

Овој пат од македонскиот претставник беше поуспешен лидерот на табелата Хелиос Домжале кој славеше со 93:61.

Најефикасен во редовите на ТФТ беше Трет Батрик кој постигна 20 поени, а додаде и осум скока. Виктор Ташовски беше стрелец на 13 додека учинок од 10 поени и пет асистенции имаше Александар Костоски.

Во победничкиот тим прв стрелец со 19 поени беше Денис Танстал, а 12 постигна Нико Бачвиќ.

Денеска на последниот натпревар од оваа фаза во второто по ранг регионално натпреварување ќе го одигра и битолски Пелистер кој од 15 часот ќе се соочи со Подгорица во меч кој може со победа да избори и подобра позиција во разигрувањето за шампионската титула.

ФОТО: Игор Паневски