Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата стимулира нелојална конкуренција со мерката за замрзнување на цената на млеко и млечните производи

/

пред 1319 дена

Сподели преку :

Од 16 март граѓаните ќе купуваат поефитно млеко за 10 отсто, а пазарниот инспекторат ќе казнува ако производителите и тговците не испорачаат пониски цени.

Производителите се загрижени дека владата со мерката за замрзнување на цените фаворизира одредени фирми и на овој начин ќе предизвика нелојана конкуренција.

Според Марина Манева од „Млечен пат“, ова е една од најлошите марки со која се дозволува едни фирми да остварат екстра профит на сметка на останатите кои не добивале субвенционирана струја и на тоа на следниот начин.

На рафтовите ќе има млеко и граѓаните да не стравуваат.

Загубите кои ќе се акумулираат од март до мај, млекопрозиводителите планриаат да ги надоместат со задолжување преку кредити само да не го затворат производството.

Дека оваа мерка е нерационална, Манева упатува и на фактот дека дистрибутерите веќе имаат набавено залихи на млеко и млечни производи кои сега треба да ги продаваат без маржа, односно без профит што може да предизвика да се откажат од снабдување и да се случи во марктеите да снема одредени прозиводи.

Од друга страна владата, пак, уверува дека штети за оваа дејност нема да има бидејќи државата се откажува од увозната царина, пари кои дел од фирмите ќе ги задржат кај себе.

Но, затоа владата очекува третата категорија прозиводители на шекер, јајца и ориз да се охрабрат и сами да ги намалат цените, во спротивно и нивните цени ќе бидат замрзнати.

Павле Беловски