Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Симов нов тренер на Македонија ЃП

/

пред 1304 дена

Сподели преку :

Само неколку дена по повлекувањето на Мухарем Бајрами, Македонија ЃП го именуваше новиот шеф на стручниот штаб кој ќе ја води екипата до крајот на сезоната.

Поранешниот тренер на Силекс и Вардар, Горан Симов ќе седи на клупата на тимот од Ѓорче Петров. Тој практично се враќа во клубот каде три години во периодот од 2005 до 2008 играше како голман, а во 2006 го освои и трофејот во Купот на Македонија.

Симов тренерската кариера ја почна во Силекс на чија клупа седеше од 2019 до 2021 година и со Кратовци успеа да го освои пехарот во Купот.

Потоа работеше и во Вардар и по заминувањето од редовите на “црвено-црните” беше без ангажман.

ФОТО: Игор Паневски