Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кудерметова го заврши настапот во Индијан Велс

/

пред 1301 дена

Сподели преку :

На женскиот дел од турнирот во Индијан Велс најголемото изненадување го направи Каролина Плишкова од Чешка која со 2:0 по сетови 6:1 и 7:5 триумфираше во соочувањето со 11-тата носителка Вероника Кудерметова.

Фаворитката број седум, Марија Сакари славеше во дуелот против Анхелина Калинина од Украина, а шесто рангираната тенисерка Коко Гоф беше поуспешна од Линда Носкова.

Третата носителка Џесика Пегула потешко од очекувањата со 2:1 по сетови 3:6, 6:4 и 7:5 забележа победа во дуелот против Анастасија Потапова.

Место во следната рунда обезбеди Петра Квитова откако ја елиминираше Јелена Остапенко, а Барбора Крејчикова стигна до осминафиналето откако славеше над Шин Ју Ванг од Кина.

Меѓу шеснаесетте најдобри на турнирот се пласираа уште Ребека Петерсон од Шведска и Ирина Сабаленка откако Лесија Цуренко не се појави на теренот.

ФОТО: Игор Паневски