Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините и на повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и ќе засилува.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег.
Информации од ова утро: 14.3.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-6 Берово, -4 Битола, -3 Скопје-Петровец, Струмица, -2 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Гевгелија, -1 Маврови Анови, Охрид, Претор, Штип, 0 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 1 Виница, Крушево, Попова Шапка, 2 Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/











