Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фуштиќ: Терапијата со „Трикафта“ дава одлични резултати – пациентите со цистична фиброза веќе пет дена го примаат лекот

/

пред 1317 дена

Сподели преку :

Шестмината пациенти со цистична фиброза кои се примени на Детска клиника за да го примат лекот „Трикафта“ се со подобрена здравствена состојба и функција на белодробието, изјави директорката на Детска Клиника д-р Стојка Фуштиќ, за Телма.

– Им се подобри белодробната функција, расположени се и задоволни. Имаме шест пациенти кои ќе ги задржиме неколку денови повеќе заради третманот на инфекциите бидејќи повеќето од нив се со хронични инфекции. Терапијата Трикафта кај пациентите кои ги имаме на Клиниката даде брз, промптен и драматично добар ефект, вели доктор Фуштиќ. 

Меѓу овие пациенти е и претседателот на Здружението за цистична фиброза, Фики Гаспар, кој ни потврди дека ги прима апчињата на Детската клиника, на секои 12 часа.

Двајца од осумтемина пациенти терапијата ќе ја примаат на Клиниката за пулмологија. Прва на листата е 41- годишна пациентка која со возило на итната помош веќе е примена на Клиниката, а по нејзиното испишување ќе биде примена и другата пациентка.