По денешната жрепка што се одржа во просториите на Фудбалската федерација познати се полуфиналните двојки во Купот на Македонија.
Бранителот на трофејот Македонија ЃП за место во големото финале ќе се бори со Шкендија која е домаќин во овој дуел.
Во второто полуфинале лидерот на табелата Струга го пречекува тимот на Силекс и ќе се обиде за прв пат во историјата да го игра мечот за трофејот во Купот на Македонија.
Натпреварите ќе се одиграат на петти следниот месец.
ФОТО: Игор Паневски











